Пјаниќ објави фотографија како крева тегови, а Манџукиќ го „испровоцира“ со коментар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус наскоро ќе ги почнат припремите за новата сезона, но боаснкиот репрезентативец Миралем Пјаниќ веќе наголемо тренира, за во што подобра форма го дочека собирањето на Старата дама.

Пјаниќ веќе неколку недели ужива на одмор, но секојдневно издвојува неколку часови за тренинг во теретана.

Тој вчера на Инстаграм објави неколку фотографии и покажа дека вредно тренира иако припремите сеуште официјално не се почнати.

Тој објави фотографија со тегови и неколку видеа од трчање, па предизвика многу коментари, но во центарот на вниманието се најде неговиот соиграч Марио Манџукиќ.

Популарниот Манџо му напиша коментар, „Каде ти се мускулите од толку тренирање“, додека Пјаниќ само со краток одговор преку емотикони му одговори дека тој е „мозок“ на тимот и дека не му требаат мускули.