Пјуник се засили со поранешен македонски репрезентативец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец Маријан Радески го засили Пјуник од Ерменија, кој промовираше 10 нови фудбалери за новата сезона.

Радески во претходната сезона беше дел од шампионскиот тим на Шкупи, а за него ова е прв интернационален предизвик, откако претходно го носеше дресот на 11 октомври, Металург, Шкендија и Академија Пандев во Македонија.

Македонскиот фудбалер го носеше дресот на репрезентацијата на 18 натпревари, а беше дел и од Европското првенство (ЕП), но не доби шанса на теренот.

Во Пјуник од Македонија доаѓа и Андре Менсалао, кој претходно ја напушти тетовска Шкендија.