„Плачеше како мало дете кога дозна дека починал Марадона, а две недели подоцна и тој си замина“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот Паоло Роси почина минатата недела на 65-годишна возраст и многумина ќе го паметат како херој на италијанската репрезентација во 1982 година кога станаа светски шампиони.

Помина една недела откаок почина, а неговата сопруга Федерика Каплети откри дека Роси бил ептен погоден по информацијата дека Диего Марадона го напуштил овој свет.

Марадона и Роси играа еден против друг во Серија А и добро се познаваа. Заминувањето на еден од најголемите на сите времиња Роси тешко го прифатил, само две недели подоцна почина и тој.

„Кога Паоло дозна дека Марадона починал плачеше како мало дете. Не можевме да го смириме, само две недели подоцна и тој нас не напушти“, изјави Федерика за италијанските медиуми.