Планот Б на Баерн: Доколку пропадне трансферот на Сане, Баварците одат во Кина по засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот на Манчестер Сити, Лерој Сане се наоѓа на врвот на листата на играчи кои Баерн сака да ги доведе ова лето.

Баварците со сите сили сакаат да го доведат 23-годишниот крилен напаѓач, но иако се пишуваше дека Баерн веќе пратил понуда од 80 милиони за Сане, се чини дека до трансфер тешко дека ќе дојде.

Имено, оваа понуда на Баерн е одбиена, а челниците на клубот сметаат дека цифрата станува превисока, а и самиот Сане веројатно не е премногу расположен да премине во редовите на првакот на Германија.

Баварците се свртеле кој алтернативното решение, па така германските медиуми пишуваат дека Јаник Караско е прва опција за доведување доколку пропадне трансферот на Лерој Сане.

Караско во февруари 2018 година направи изненадувачки потег и замина во Кина, каде потпиша за Далиан Јифанг, а после година ипол Белгиецот изрази желба да се врати во Европа.

Белгиецот би бил многу поефтина опција за Баерн кој би можел да го доведе за отприлика 30 милиони евра, а играчот на Далиан Јифанг веќе некое време е на радарот и на Арсенал.

Баварците веќе потрошија 118 милиони евра на двајца играчи, Павард и Хернандез, но Баварците не размислуваат да запрат, а се очекува уште неколку големи имиња до крајот на преодниот рок да завршат во баварскиот клуб.