Планот на Барса: Гризман, Нејмар, па штоперот на Јунајтед?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона не успеа да го доведе Де Лигт, па сеуште се во потрага по штопер, бидејќи можно е Умтити да биде дел од работата околу Нејмар.

Тоа би значело дека остануваат со Пике, Ленгле и младиот Тодибо, па јасно е дека во тој случај мораат да купат централен дефанзивец.

Се рапсрашуваа за Виктор Линдифлд, веруваат дека тој би бил решение, а неговиот агент, кој е агент и на Френки Де Јонг потврди дека еден голем клуб го посакува Швеѓанецот.

Не е споменато името, но рече дека барал разговор со Јунајтед за да види дали се спремни да преговараат за негово заминување.

Меѓутоа тоа е малку веројатно, Линделоф е прв избор на Солскер, а тој сака да бидат во пар со Мегвајер кој во случај да стигне на „Олд Трафорд“ ќе стане најскап штопер во историјата на фудбалот.

Пред сево ова, неделава ќе има преставување на Гризман, а ПСЖ ја потврди спремноста да го продадат Нејмар.