Планот на Борусија - Пристигнува бомба од Барселона?!

Ако може да им се верува да медиумите во Германија, Арда Туран за неколку дена би можел да се пресели во редовите на Борусија Дортмунд.

Микхтаријан замина од Дортмунд и се приклучи на Манчестер Јунајтед, а “Mилионерите” на негово место сакаат да го доведат Арда Туран.

Денис Суарез беше вратен во каталонскиот клуб, па така веројатно Туран веќе нема што да бара во Барселона и за сума од околу 25 милиони евра би требало да премине во Дортмунд.