Пласманот на ЕП на Македонија ќе ѝ донесе најмалку – 9,25 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските репрезентативци го минаа Косово и триумфираа со 2-1, а сега следна и последна пречка на патот кон Европското првенство (ЕП) им е Грузија. Мечот е закажан за 12 ноември во Тбилиси, а со победа Македонија би се пласирала на големото натпреварување и притоа би можела да оствари голема заработка.

УЕФА ги наградува учесниците на ЕП, па доколку Македонија се пласира, тогаш Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе доб ие 9,25 милиони евра, а секако тоа е минималната сума.

Дополнителни пари кои може да ги заработат репрезентативците се со триумф во групната фаза, кој носи 1,5 милиони евра, додека ремито носи дополнителни 750.000 евра.

Ако се мине и групната фаза, тогаш се добиваат уште два милиони евра, но треба да одиме чекор по чекор, а прво бараме триумф против Грузија.