По Клоп уште една клучна алка од тимот на Ливерпул го продолжи договорот со клубот

Јирген Клоп утрово го продолжи договорот со Ливерпул на дополнителни четири сезони.

По германскиот стратег, од таборот на Ливерпул објавија дека договорот го продолжил и заменик капитенот, Џејмс Милнер.

Милнер се приклучи на Ливерпул во 2015 година, а сега го продолжи договорот со клубот од Мелвуд до 2021 година.