По лудницата во Мадрид пристигнаа лоши вести за Гвардиола (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити одигра 0-0 во реваншот против Атлетико Мадрид и избори полуфинале во Лигата на шампиони (ЛШ).

Во мечот беа забележани многу напнати сцени и искри на теренот, а ситуацијата ескалираше во тунелот на стадионот.

Сепак, дуелот по добро нема да го памети ниту Кајл Вокер, кој се повреди во 73. минута, а на негово место влезе Нејтан Аке.

По преспиената ноќ, стигнаа лоши вести за Вокер и Гвардиола, односно се појави слика на социјалните мрежи каде што Вокер се појави со гипс на ногата што значи дека речиси сигурно нема да настапи во полуфиналето на ФА-купот против Ливерпул.