По новите изјави може да сонува за потпис за Барса: Тој е за мене најдобриот во светот!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Александар Исак ова лето сигурно ќе биде една од главните цели во летниот трансфер период, а меѓу останатите интерес покажа и Барселона. Но, по она што го изјави Швеѓанецот пред неколку дена изгледа дека потенцијален трансфер во каталонскиот клуб нема да се случи.

Шведскиот напаѓач игра во фантастична форма во дресот на Њукасл и многумина сметаат дека клубот од Сент Џејмс Парк ќе има тешкотии да го задржи Исак во своите редови ова лето бидејќи многу клубови покажаа интерес за него.

Меѓутоа, во Њукасл сигурно можат да бидат задоволни бидејќи Исак нема да се пушти да замине за помалку од 100 милиони евра.

Овој 25-годишен напаѓач најмногу се поврзува со Арсенал, но интерес покажаа и Барселона, Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Исак го прашаа кој за него е моментално најдобар играч во светот, а очигледно во Барселона очекуваа дека ќе каже Ламине Јамал или Рафинја. Но, Швеѓанецот имаше одговор кој не ги воодушеви многу.

„Најдобар играч моментално во светот? Морам да кажам дека тоа е Килијан Мбапе. Тој е за мене најдобриот во светот во овој момент“, рече Исак.

Фото: Принтскрин