По првите четири кола се издвоија фаворитите: Ливерпул и Сити од старт во трката за врвот во Премиер лигата (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул продолжи без грешка да маршира кон врвот во Премиер лигата откако и во четвртото коло забележа победа.

Избраниците на Јирген Клоп овој пат беа подобри на гостувањето на „Турф Мур“ кај Барнли.

Трент Александер Арнолд со одличен погодок во 33. минута донесе водство за актуелниот англиски вицешампион, а само четири минути подоцна резутлатот беше 2:0 по голот на Садио Мане.

Конечниот резултат го постави бразилскиот репрезентативец Роберто Фирмино во 79. минута од средбата.