Почеток од соништата за Мане и Де Лихт во дресот на Баерн Минхен (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен триумфираа со 6-2 против Ди-Си јунајтед во Вашингтон, а прашањето за победникот беше решено уште по првото полувреме кога Баварците имаа водство од 3-0.

Садио Мане постигна гол од пенал за 1-0, по што Марсел Сабицер зголеми на 2-0, а Серж Гнабри стрелаше за 3-0 во 44. минута.

Во вториот дел беа направени неколку измени, па Матијас Де Лихт погоди за 4-0, а Зиркзе стрелаше за 5-0, по што шестиот гол за германскиот гигант го постигна Томас Милер. Стрелци за американскиот тим беа Леланд и Ку-Ди Пиетро.

Челси вчера играше против Шарлот, но загуби по пенали, додека Арсенал со 3-1 го совлада Орландо, а Евертон загуби со 1-3 од Минесота.