Почина еден од најголемите шампиони во НБА-лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската јавност е во солзи откако беше соопштено дека починал познатиот кошаркар Бил Расел на 88-годишна возраст.

Еден од најдобрите кошаркари во историјата во кариерата освои 11 титули во НБА-лигата, а цела кариера ја помина во дресот на Бостон селтикс.

„Со тешко срце потврдуваме дека Бил Расел, најголемиот победник во историјата на американскиот спорт, почина на денешен ден на 88-годишна возраст“, соопштија од неговото семејство.

Веста го потресе кошаркарскиот свет и сигурно во следните денови НБА-лигата и останатите легенди ќе се збогуваат со Расел.