Почина поранешниот македонски голман Гоце Груевски на 46-годишна возраст!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот македонски голман Гоце Груевски почина на 46-годишна возраст, а информацијата ја објави неговиот тим Престон лајонс од Австралија.

Груевски работеше како тренер на голманите во австралискиот клуб, во кој бранеше до 2009 година, а настапуваше и за македонски тимови, како Победа, Работнички, Слога Југомагнат, Работнички, Вардар и Беласица.

Исто така го носеше дресот на македонската репрезентација и тоа на шест натпревари.