Почина познат фудбалер: Имал депресија, уживал во алкохолот и завршил зад решетки (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот полски фудбалер Игор Сипнијевски почина на 48-годишна возраст, а станува збор за еден од најголемите фудбалски таленти во историјата на Полска кој долго време водеше битка со депресијата.

Сипнијевски во текот на кариерата играше за Панатинаикос, Висла и Малме, а двапати го облече дресот и на Полска, но никогаш не го исполни целосниот потенцијал кој го имаше.

Проблемите со алкохолот почнаа уште додека беше фудбалер, поради што го избркаа од Малме и мораше да се врати во татковината, но таму заврши зад решетки и доби мозочен удар.

Полјакот се обиде и да си го одземе животот, а објави биографија во 2014 година со помош на локалните новинари на кои им ја раскажа својата тешка приказна.