Почна „чистката“ во Мадрид: Зидан отпиша еден фудбалер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот Зинедин Зидан веќе почна да прави тим за следната сезона, а за некои фудаблери нема да има место во екипата на шпанскиот шампион.

Медиумите пишуваат дека Реал Мадрид го продал Борха Мајорал за 15 милиони евра. 23-годишниот Шпанец игра одлично сезонава на позајмица во Леванте, а следната сезона ќе се пресели во Лацио.

Реал Мадрид имал клаузула во договорот според кој може да израмни понуда на друг клуб доколку Лацио сака да го продаде во иднина.

Мајорал ја почна кариерата во младинскиот состав на „кралевите“, а во дресот на Леванте постигна девет гола на 36 меча.

Секако, Реал Мадрид ќе продава уште фудбалери, а засега не е познато кои сигурно ќе си заминат од екипата.