Почна расфрлањето со пари: Њукасл договори трансфер од 46 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најбогатиот тим во светот, Њукасл почна да троши пари на засилувања, а според англиските медиуми бил постигнат договор со француски Ремс за 19-годишниот Уго Екитике.

Њукасл се обиде да го купи уште во јануари, но тогаш не можеше да се договори со неговиот клуб, сепак Ремс попушти и го продаде за 36 милиони евра плус дополнителни 10 милиони во бонуси кои ќе бидат исплатени преку различни клаузули.

Екитике од следната сезона ќе игра на „Сент Џејмс парк“ и ќе има можност да го покаже својот талент во најсилната европска лига.

Овој млад фудбалер за првиот тим на Ремс дебитираше во 2020 година, при што одигра вкупно 25 натпревари, а постигна 10 голови.