Почна создавањето на моќен тим: Њукасл купува засилување од 60 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њукасл ја заврши сезоната во Премиерлигата на средината на табелата, па ќе почне да создава моќен тим ова лето откако пред неколку месеци пристигнаа богати газди.

Премиелригашот планира да плати 60 милиони евра за 24-годишниот Лукас Пакета од Лион, кој има договор со францускиот тим до 2025 година.

Англиските медиуми пишуваат дека Лион засега не реагира, но не би можел да одбие таква примамлива понуда со оглед на тоа дека вредноста на Пакета се проценува на „само“ 35 милиони евра.

Њукасл најави целосна реконструкција на тимот ова лето, па се очекува следната сезона да се бори за позициите кои водат во Европа.