Почна судењето на Бензема, може да добие петгодишна затворска казна!

Шпанските медиуми објавија дека почнало судењето на францускиот фудбалски репрезентативец Карим Бензема поради уцената на Метју Валбуена.

Напаѓачот на Реал Мадрид е обвинет дека во 2015 година, заедно со уште четири лица, со снимка од секс го уценувал поранешниот колега и барал меѓу 50.000 и 100.000 евра за да не го објави видеото во јавност.

Бензема негираше дека е вмешан во случајот, иако тоа допрва ќе се утврдува на Суд, а ако се потврди дека е виновен, тогаш францускиот напаѓач ќе добие петгодишна затворска казна.

„Одлуката да му се суди на Бензема е апсурдна и сурова. Нема за што да му се замери“, изјави адвокатот на Бензема, Силван Кормие.