Почнаа проблемите пред Австралијан опен: 47 тенисери и тенисерки завршија во карантин!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Останаа помалку од три недели до почетокот на првиот гренслем во сезоната, Австралијан опен, но организаторите се во големи проблеми.

Првите случаи на ковид-19 се појавија во Мелбурн, а позитивни се две лица кои летале од Лос Анџелес и Абу Даби, поради што 47 тенисери и тенисерки мора да одат во двенеделна изолација во хотелските соби.

Меѓу тие кои мора да одат во самоизолација се Слоан Стивенс, Викторија Азаренка, Кеи Нишикори и многу други.

Тоа значи дека нема да може ниту да тренираат, а тоа е голем проблем пред стартот на турнирот, кој е закажан за 8 февруари, па многу тенисери и тенисерки ќе останат без тренинг пред почетокот.