Подготвена е бомба во Минхен: Ѕвезда на Ливерпул е блиску до потпис со Баерн!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сенегалскиот репрезентативец и член на Ливерпул, Садио Мане, наводно договорил тригодишен договор со Баерн Минхен.

Германските медиуми пишуваат дека крилниот напаѓач нема да го одработи договорот со Ливерпул, кој му важи до јуни следната година.

Сенегалецот во Минхен треба да го замени Роберт Левандовски, кој е на праг до преселба во Барселона, која бара засилувања за следната сезона.

Германските медиуми пишуваат дека остануваат преговори меѓу Баерн и Ливерпул за висината на отштетата, додека Мане во Минхен ќе заработува 10 милиони евра годишно.