Погба барал магионичар за да му фрли магија на Мбапе!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Матијас Погба, братот на Пол Погба, објави на социјалните мрежи видео преку кое кажа дека ќе открие тајни за 29-годишниот фудбалер на Јувентус.

Погба веднаш по објавување на снимката ги осуди заканите и кажа дека бил мета на киднапери и обид за изнуда на 13 милиони евра од страна на брат му.

Фудбалерот на Јувентус сведочеше дека во Париз му направиле заседа и му впериле пиштол во глава со цел да ги изнудат парите од него, но сепак тоа не се случило.

Погба кажа дека брат му во јавност ќе пушти приказна за тоа како Пол наводно замолил магионичар да му фрли магија на Мбапе и да му ја уништи кариерата, објави „Франс Инфо“.