Погба: Добив многу понуди, но моето срце чука за Јувентус!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба по шест години си замина од Манчестер јунајтед и се врати во Јувентус, каде што играше пред да се пресели во премиерлигашот.

Погба играше одлично во дресот на Јувентус во првиот мандат од 2012 до 2016 година, а денеска кажа дека е среќен што се вратил во поранешниот шампион.

„Разговарав со тренерот Масимилијано Алегри. Добив многу понуди, но срцето го избра Јувентус. Сакав да се вратам назад. Имав проблеми во Јунајтед, повреди, па промени на тренери и различни позиции на теренот“, кажа Погба.

Погба претходно со Јувентус освои четири титули во Серија А, а притоа одигра 177 натпревари и постигна 34 гола и 40 асистенции.