Погба го нападна Мурињо, а овој му одговори: Баш ми е гајле!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пол Погба го опиша односот со Жозе Мурињо и кажа дека во еден момент биле во добри односи, по што Португалецот почнал да се однесува чудно, а Оле Гунар Солскјер за него не оди никогаш против своите фудбалери.

По ремито на Евертон со Тотенхем, еден од новинарите го праша Мурињо што има да каже за ова обвинување од страна на неговиот поранешен фудбалер.

„Баш ми е гајле што зборува Погба“, кратко одговори Мурињо, кој со Погба ја освои Лигата на Европа и Лига Купот, но нивните односи се влошија по што Португалецот му ја одзема капитенската лента додека беше на кормилото на „црвените ѓаволи“.