„Погба има договор до јуни, би можел да се врати во Серија А“

Контроверзниот менаџер, Мино Рајола во разговор со италијанските медиуми повторно ги активираше шпекулациите за иднината на Пол Погба.

Погба има договор со Манчестер јунајтед до следното лето, а менаџерот на францускиот репрезентативец вели дека постои опција тој да се врати во Јувентус.

„Пол Погба има договор до јуни, ќе разговараме со Манчестер јунајтед и ќе видиме што ќе се случи. Торино има посебно место во срцето на Пол, па има шанси тој да се врати во Јувентус, но многу работи зависат и од плановите на Јувентус“, кажа Раиола.

Погба следното лето ќе биде слободен агент, а интерес за него покрај Јувентус покажуваат уште ПСЖ и Реал Мадрид.