„Погба има само 23 години и не му е лесно да се носи со притисокот“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Некогашниот репрезентативец на Франција Биксент Лизаразу рече дека Пол Погба чувствува преголем притисок кој му е наметнет пред почетокот на Европското првенство.

Погба првиот гол на турнирот го постигна во четвртфиналниот дуел со Исланд (5:2), но Лизаразу, кој со Франција го освои Светското првенство во 1998 година и ЕВРО во 2000 година, истакна дека играчот за врска е уште млад и има уште време за напредок.

„Погба има голем потенцијал. Има се, почнувајќи од техничкиот и психолошскиот квалитет. Проблем е што многу се очекува од него и сакаме да го гледаме цело време на највисоко ниво. Понекогаш забораваме дека има само 23 години и дека пред него има многу време за усовршување. На него не му е лесно да се избори со наметнатиот притисок на турнирот“, рече Лизаразу за Ас.

Погба во текот на кариерата настапуваше иза Манчестер Јунајтед, пред што во јули 2012 година стигна во Јувентус.

Досега за Старата дама запиша 178 настапи, постигна 34 голови и освои четири титули во Серија А, два Купови и Супер куп на Италија, додека во финалето на ЛШ во 2015 година е поразен од Барселона со 1:3.

Дресот на репрезентацијата го носеше во 36 настапи и шест пати се запиша во листата на стрелците.