Погба постигнал договор со Манчестер сити!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба ќе си замине од Манчестер јунајтед како слободен фудбалер, поради тоа што му завршува договорот, а наводно имал сè договорено со Манчестер сити, меѓутоа трансферот нема да се реализира.

„Тајмс“ објави дека Погба се договорил со „граѓаните“, но потоа се премислил и од страв го откажал трансферот во актуелниот англиски шампион.

Погба се договорил со Манчестер сити, а неговиот трансфер требало да биде официјално потврден на крајот на сезоната, но сепак тој се плашел од реакцијата на навивачите и се откажал од идејата.

Французинот сметал дека неговиот живот ќе стане ужасен во Манчестер затоа што сите ќе сметаат дека го предал тимот од „Олд Трафорд“.