Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Монако реши конечно да му даде вистинска шанса на Пол Погба на зелениот терен. Според информациите од Франција, по три години Погба конечно ќе биде во почетните единаесет.
Кога минатото лето Монако го доведе Пол Погба, се чинеше дека клубот од Кнежевството доби играч што може да го промени текот на сезоната.
Наместо враќање на врвот, следеа долга и тешка борба со повредите, ритамот и формата, поради што неговото влијание на теренот остана само во назнаките. Сепак, сега работите конечно се менуваат.
Според информациите од Франција, Погба вечерва против Мец може првпат по долго време да добие доверба од првата минута, што би претставувало еден од најзначајните моменти во неговата кариера во последните неколку години.
















