Погба жестоко критикуваше некои од своите соиграчи: „Такво однесување е срамота за овој клуб“


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед доживеаа катастрофален пораз овој викенд каде што беа гости на Евертон и изгубија со резултат од 4:0.

Откога беа елиминирани од Лигата на Шампионите екипата од Олд Трафорд уште еднаш ги разочара своите фанови со очајната игра против Евертон кој ги победи со резултат 4:0.

Навивачите на Јунајтед немаа милост кон своите фудбалери и упатија жестоки критики после завршетокот на натпреварот. После се се огласи Пол Погба кој призна дека едноставно не е прифатливо играчи на толку голем клуб така мрзливо да се однесуваат на теренот.

Во разговор за Скај Спортс францускиот репрезентативец критикуваше неколку соиграчи поради пристапот што го имале на овој натпревар, тој им порача дека единствена опција за да се реши проблемот мора да го даде својот максимум на теренот.

„Да изгубиш натпревар е лошо, но да изгубиш на таков начин е нешто најлошо. Ги почитувам Евертон, но начинот на кој што игравме е недостаток на почит кон дресот на Манчестер Јунајтед. Не се почитуваме како прво сами, па навивачите и на крајот клубот. Кога го носите овој дрес тоа е бидејќи тоа сте го заслужиле, но морате да го почитувате и грбот на дресот. Не сакам да бидам премногу строг, но поединци на овој натпревар покажаа дека не се доволно добри за да го носат овој дрес“, изјави Погба и продолжи:

„Не знам како да се извинеме, но сум сигурен дека единствен можен начин е да го дадеме максимумот на теренот, без разлика на крајниот резултат. Навивачите ја ценат борбата за овој грб и тоа треба да им го пружаме на секој натпревар. Се извинуваме поради очајната игра која не смее да се повтори.“