„Погледнав во Ериксен и тој не беше жив, гледав во неговото тело…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред помалку од два месеци целиот свет зборуваше за Кристијан Ериксен, но за среќа данскиот фудбалер избегна голема трагедија.

Данецот се онесвести за време на мечот против Финска на Евро 2020, а во моментов има вграден дефибрилатор кој ќе му го спаси животот во случај на нови срцеви проблеми.

Поради тоа не може да настапува за Интер и други клубови во Италија, па ќе мора да бара ново решение.

Мартин Брајтвајт зборуваше за неговиот соиграч од репрезентаицја, па раскажа како го доживеал моментот кога Ериксен се онесвести.

„Беше тоа еден од моментите каде што го погледнав Ериксен и тој не беше жив. Го гледав неговото тело. Знаеш веднаш кога некој е мртов, тоа е јасно. Јас тоа го видов, почнав да се молам“, вели Данецот.