Погледнете го чудото Никола Јокиќ (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никола Јокиќ и Денвер Нагетс ќе играат во финалето на Западната конференција на НБА-лигата.

Српскиот центар обезбеди уште една незаборавна игра во победата од 104:89 против ЛА Клиперс во седмиот натпревар од серијата, а заедно со Џамал Мареј е најзаслужен што Нагетс ќе играат во конференциското финале.

А, она што го стори Јокиќ е навистина чудесно. Постигна 16 поени, имаше 22 скока и 13 асистенции, а Клиперси немаа одговор на неговата игра.

Американците се воодушевени од она што го правеше Никола на паркетот. Дури и противничките играчи на социјалните мрежи покажаа голема почит и не е ни чудо зошто.

Нагетс се врати по втор пат од негатива од 3-1 во серијата и стана првиот тим во историјата на плејофот што го сторил тоа два пати.

Јокиќ е навистина неверојатен и едноставно може да се ужива вака во кошарката.