Погледнете ја гаражата на еден од најбогатите спортисти во светот

Спортистите кои заработуваат огромни количини на пари, добар дел ги трошат на купување на спортски автомобили.

Меѓутоа, она што Флојд Мејведер го има во својата гаража е навистина импресивно.

Еден од најбогатите спортисти во светот едностано ужива во трошењето пари, а автомобилите му се опсесија.

Затоа тој уште еднаш одлучил да покаже каков возен парк поседува. На Инстаграм постави фотографија од гаражата и напиша:

„Мојата гаража изгледа како затворена продавница со неколку играчи“.

Очигледно славниот боксер е љубител на Ролс Ројс, а ги има дури пет, а вкупната вредност на сите автомобили изнесува преку пет милиони долари.