Погледнете ја реакцијата на Кристијано Роналдо кога дозна дека не е најдобар играч на Лигата на нациите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премирното издание на Лигата на нациите им припадна на Португалија. Актуелниот првак на Европа со 1-0 во финалето ја победи Холандија.

Стрелецот на победничкиот гол беше Гуедеш на асистенција на Бернардо Силва кој после натпреварот беше избран за најдобар играч на турнирот.

Кристијано Роналдо исто така одигра добар меч, а според снимките се гледа дека тој очекувал да биде избран за најдобар.

Меѓутоа, конечната одлука не беше таква каква што се надеваше тој.

Кристијано и Силва стоеја еден до друг кога спикерот го прогласуваше најдобриот фудбалер.

Целата ситуација можете да ја погледнете во видеото подолу.