Погледнете како беше пречекан првиот човек на УФЦ во Абу Даби


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт и неговите соработници ќе ги поминат следните пет недели во Абу Даби каде ќе бидат организирани неколку навистина големи борби.

Сè ќе заврши на 24 октомври со голема пресметка меѓу Кабиб Нурмагомедов и Џастин Гајети, а Вајт ќе може да ужива во нереален луксуз на Емиратите.

Домаќините беа многу внимателни кон првиот човек на УФЦ. Му подготвија навистина невиден луксуз во станот и тој доби апсолутно сè што побара, па дури и повеќе од тоа.

Секако, Дана објави сè јавно. Тој се пофали со ново место за престој, сè е на дофат на раката и ова сигурно ќе биде уште едно незаборавно искуство.

Импресивно, мора да се признае.