Покетино ги кажа своите желби за засилувања и листата за отстрел од Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурицио Покетино ќе го преземе Челси на крајот на сезоната и ќе има шанса во летниот преоден рок да изгради екипа по негова желба за да може да го нападне врвот во Премиерлигата.

Аргентинецот има потреба од напаѓач, па се шпекулира дека би можел да го купи Хари Кејн, а веќе дозна дека ќе го добие и Нкунку од Лајпциг.

Покетино, исто така, ќе бара нов голман, а на листата со желби е Андре Онана од Интер. Исто така, тој ја следи ситуацијата околу Садио Мане од Баерн Минхен, но и Муса од Валенсија.

На листата за отстрел се наоѓаат Менди, Кепа, Чалоба, Сар, Бакајоко, Галагер, Лофтус-Чик, Маунт, Зијех, Пулишиќ и Обамејанг.