Покетино го најде првото засилување за Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурицио Покетино од почетокот на следната сезона ќе биде нов тренер на Челси, а Аргентинецот веќе најде прво засилување за премиерлигашот.

Прва желба на аргентинскиот тренер е Пауло Дибала, кој има договор со Рома до 2025 година, но и клаузула од 12 милиони евра која ќе се обиде да ја искористи Покетино.

Сè ќе зависи од финалето во Лига Европа, кое се игра во Будимпешта на 31 мај, а во кое Рома ќе се соочи против Севилја.

Дибала вети дека ќе остане во Рома ако клубот обезбед учество во Лигата на шампиони, а тоа може да се случи само ако калчолигашот победи против Севилја во Лига Европа.