Покетино ќе ги предводи САД на СП 2026


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Челси, Маурицио Покетино доби неочекуван ангажман и седна на кормилото на САД.

Аргентинецот реши дека е време за нов предизвик во кариерата, а Американците му ја дадоа довербата да ги предводи на Светското првенство (СП) во 2026 година.

„Одлуката да ја преземам американската селекција не беше само фудбалска, туку и поради патот на кој се наоѓа оваа репрезентација. Имам енергија, страст и глад за да испишам историја“, кажа Покетино.