Покетино: Моја цел со ПСЖ е да ја освојам ЛШ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурицио Покетино планира со неговиот тим ПСЖ да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ), барем така најави пред големото дерби во осминафинале против Барселона.

Францускиот тим денеска гостува кај Барселона во првиот дуел од осминафиналето.

„Тоа ќе биде специјален натпревар за нас. Се чувствува енергијата и тоа колку е важна оваа средба и може да забележиме дека сите се возбудени. Наша цел е да се освои Лигата на шампиони“, вели Покетино.

Барселона и ПСЖ последен пат се сретнаа во 2017 година, а тогаш ПСЖ го доби првиот меч со 4-0, по што во реваншот загуби со неверојатни 1-6.

„Мирен сум пред дербито. Овој ПСЖ е различен. Не може да го избришеме минатото, но може да ја промениме иднината“, вели тренерот на ПСЖ.

Натпреварот меѓу двата гиганти е закажан за денеска од 21 часот.