Покетино отпиша тројца фудбалери на Челси


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Челси ова лето продаде дел од фудбалерите, но набрзо се очекува клубот да го напуштат уште неколку играчи, откако тренерот Маурицио Покетино достави ново барање до управата.

Покетино не смета на Ромелу Лукаку, Калум Хадсон-Одои и Маланг Сар, па затоа Челси до крајот на летниот преоден рок ќе се обиде да ги продаде.

Лукаку преговараше со Јувентус, но Челси не се договори со калчолигашот кој сакаше размена со Душан Влаховиќ плус пари.

Хадсон-Одои беше на праг да преселба во Фулам, но таа опција отпадна, додека за Сар нема заинтересирани екипи поради неговата плата од 100.000 фунти.