Покетино потврди дека се точни шпекулациите од Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маурицио Покетино беше задоволен со настапот на Челси против Ливерпул (1-1) во првото коло на Премиерлигата.

Покетино е задоволен од настапот, иако смета дека требало да ги освојат трите бода. Тој потврди дека планот на клубот е да продаде неколку играчи до крајот на летото, но и да промовира нови засилувања.

Тренерот на „сините“ потврди дека Моисес Каиседо доаѓа во Лондон, а во исто време дека Кепа Аризбалага оди на позајмица во Реал Мадрид.

„Тоа со Кепа се случи многу брзо и шпекулациите се точни. Доби зелено светло од нас да си најде нов клуб“, кажа Покетино.