Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маурицио Покетино сезонава го извлече максимумот од екипата на Тотенхем, откако се пласираше во полуфинале на Лигата на шампиони.
Покетино добил понуда од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез да пристигне на тренерското место во клубот, но Аргентинецот ја одбил таа понуда, откако добро размислил.
„Бев во тешка ситуација. Сонот на секој тренер е да води голем тим, но морав да ги одбијам. Вистината е дека тренерите, ако сакаат – тие си заминуваат, но јас потпишав нов договор. Даниел Леви не ги прифати понудите, а јас решив да не го прекршам договорот“, објаснува Покетино.
Потоа на клупата во Мадрид пристигна Хулен Лопетеги, кој целосно разочара, па потоа беше заменет од Сантијаго Солари, но по серијата лоши резултати и тој доби отказ, па сега на кормилото се врати Зинедин Зидан.