Покетино се посрамоти – не ги знае имињата на ѕвездите на Челси (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Американскиот бизнисмен Тод Боели инвестира милијарди евра во Челси, кој почна да изгледа како во најдобрите денови и вчера славеше против Лутон со 3-0 на „Стемфорд бриџ“.

Тренерот Маурицио Покетино по првата победа на клупата на Челси доби прашање за двајца „заборавени“ фудбалери на премиерлигашот, а притоа тој не знаеше за кого станува збор и мораше да го праша портпаролот.

„Нема да ве прашам за Лукаку, туку за други двајца. Тоа се Маланг Сар и…“, кажа новинарот, кој беше прекинат од зачудениот Покетино.

Покетино потоа се оправда затоа што на почетокот не разбрал за кои фудбалери станува збор.

„Маланг Сар и Џејми. Не знам што да ви кажам. Ме изненадивте. Како да ме удривте со бокс додека зборувавме за нешто друго“, кажа Покетино.