Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ во средата загуби од Реал Мадрид со 1-3 и така со вкупни 2-3 се збогуваше од Лигата на шампиони (ЛШ), а парижаните беа незадоволни по поразот бидејќи судиите не си ја извршиле работата како што треба, барем така смета тренерот Маурицио Покетино.
Стратегот на францускиот гигант кажа дека ВАР-технологијата требало да досуди прекршок врз Џанлуиџи Донарума, кога Карим Бензема го притисна за да му ја земе топката.
„Не е тешко да се објасни тоа што се случи на теренот. Кога ќе видите каков гол примивме, што правеше ВАР, зошто дозволи да биде признат таков гол. Тоа е неприфатливо“, вели Покетино.
Претседателот Насер Ал Келаифи по натпреварот заедно со директорот Леонардо направил скандал на стадионот, кога почнал да ги навредува судиите и да им ја шутира опремата.