Пол Инс се запраша зошто Јунајтед толку лесно го пушти Лукаку


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромелу Лукаку зад себе остави феноменална сезона во која постигна вкупно 34 голови со што стана првиот играч по Бразилецот, Роналдо кој постигнал толку погодоци за Интер во својата деби сезона.

27 годишниот напаѓач беше трагичар на вчерашното финале од Лига Европа против Севилја, но тоа не ја намалува неговата одлична сезона во дресот на Интер.

„Неверувам дека ќе даваше толку голови во Јунајтед. Тој сега работи со различен менаџер, мислам дека Конте извади многу повеќе од него отколку Жозе или Оле во Манчестер Јунајтед.

Тој изгледа поспремен посилен и многу подобар. Дали овој трансфер се исплати за Манчестер Јунајтед? Не верувам, затоа што тие се уште имаат потреба од таков играч. Ако го видите натпреварот против Севилја, каде што од толку шанси не дадоа гол ќе сфатите дека им треба некој кој ќе ја стави топката во мрежата .

Кога го гледате Лукаку дека во Интер го прави тоа се прашувате зошто го продадоа? “ –изјави Пол Инс.