Пол Погба сеуште верува во чудо!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Пол Погба сеуште се нема помирено со останувањето во Манчестер Јунајтед и се надева дека Реал Мадрид ќе дојде со вистинска понуда по него.

Самиот Французин е свесен дека неговото заминување од Јунајтед во овој преоден рок би било вистинско чудо, но надеж нема изгубено.

Како што пренесуват англиските медиуми, за Манчестер ова веќе е завршено. Тие сметаат дека Погба останува нивни играч.

Беа толку убедени дека Погба нема да замине, па не доведоа никаква замена за него и се чини дека имаа право.

Наводно, Погба нема да го форсира заминувањето од Манчестер Јунајтед, но спремен е повторно на евентуална продажба, секако доколку со понуда дојде Реал Мадрид.

Дури ни одличниот старт на сезоната и победата против Челси не го променија размислувањето на Погба, бидејќи тој е сеуште убеден дека ќе оди во Шпанија.