Полиција го носеше до банкомат: Баркли направи хаос во такси, па одби да плати! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските фудбалери продолжуваат со проблемите надвор од теренот. Фудбалерот на Челси, Рос Баркли се врати во Ливерпул, кадешто бил на забава.

По враќањето во таксито го извалкал возилото, откако му паднало јадењето, а потоа го одбил барањето на возачот да му ја плати штетата и превозот.

На лице место потоа пристигнала полицијата, која го однела Баркли до најблискиот банкомат за да извади пари и да ги плати трошоците.

Баркли сезонава не е стандарден во редовите на „сините“, иако имаше одлична претсезона за Челси.