Полиција го запрела Харден бидејќи мислела дека е мигрант 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


НБА-ѕвездата и кошаркар на Бруклин нетс, Џејмс Харден имал непријатно искуство при престојот во Париз.

Харден решил одморот да го мине во Париз, но таму имал средба со полицијата, која го запрела и му барала документи бидејќи мислела дека е мигрант.

„ЕСПН“ објави дека Харден и неговите пријатели биле запрени на улица, но кога полицајците разбрале за кого станува збор, веднаш го пуштиле, па така кошаркарот не бил ниту во полициска станица.

Харден во Франција е со неколку свои пријатели, а полицијата наводно им пронашла и 20 грама марихуана.