Политичари се обидуваат да го запрат Мбапе да потпише за Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид влезе во резултатска криза, па до крајот на сезоната ги очекува тешка битка за титули во Ла Лига и Лигата на шампиони, но ги очекува и борба на трансфер-маркетот, каде што се надеваат дека ќе го добијат потписот на талентираниот француски напаѓач Килијан Мбапе.

Долго време трае сагата за Мбапе, кој одби неколку понуди да остане во ПСЖ, по што почна наддавање меѓу францускиот и шпанскиот гигант со пари за да го убедат Французинот да потпише за некој од нив.

Во битката за Мбапе се вклучи и францускиот претседател Емануел Макрон, како и други политичари, кои се обидуваат да го убедат Французинот да остане во Париз бидејќи е идол на многу млади и може да им го покаже вистинскиот пат.

Ова предизвика револт кај навивачите на Реал Мадрид, кои не се среќни што во спортот повторно се меша политиката, но очигледно не може ниту тоа премногу да им помогне на парижаните затоа што Мбапе јасно кажа дека еден ден ќе го носи дресот на „кралевите“.