Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред точно една година се одигра историскиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Барселона во кој „црвените“ победија со 4-0 и поминаа понатаму во Лигата на шампионите.
Еден од најпознатите дуели во историјата на ова натпреварување донесе навистина спектакуларна победа на тимот на Јирген Клоп, но и незаборавен корнер кој го изведе Трент Александер-Арнолд, а Дивок Ориги постигна гол за 4:0.
На 7. мај Барселона дојде на „Енфилд“ како голем фаворит да помине понатаму. Имаа предност од 3-0 од првиот меч и никој немаше идеја дека Ливерпул буквално ќе ги растури на овој натпревар.
Ориги погоди за 1-0 по седум минути игра. Со овој резултат, тие заминаа на одмор, Барса ги промаши своите шанси, а потоа дојдоа клучните моменти во мечот.
За само две минути, Вијналдум постигнува два гола (54-та и 56-та минута) и им донесе изедначување на „црвените“ во конечниот резултат.
И тогаш во 79-та минута се случи лудило и хаос на „Енфилд“. Александер-Арнолд ја искористи заспаната одбрана на Барселона, изведувајќи брз корнер што Ориги го испрати во мрежата за 4-0 и ерупција од задоволство.
Не беше јасно за играчите на Барселона што се случува. Тие беа целосно збунети и беше очигледно неверувањето на нивните лица, бидејќи тие повторно имаа сценарио во кое загубија добиен двомеч.
Ливерпул отиде во финалето и стана европски шампион, и тие нема да ја одбранат таа титула, бидејќи оваа сезона се елиминирани од Атлетико Мадрид.
Сепак, ќе останат спомени за овој славен натпревар, но и уште попознат корнер.