„Помина времето на Ѓоковиќ, нема да се врати на тронот на АТП-листата“


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го препушти тронот по елиминацијата од Ролан Гарос, а од понеделник на врвот е Италијанецот Јаник Синер.

Ѓоковиќ помина 428 недели на првото место, а многумина се сомневаат дека повторно ќе биде прв тенисер во светот.

Поранешната тенисерка Кејси Делаква смета дека Ѓоковиќ го губи влијанието во светскиот тенис и повеќе нема да се враќа на врвот.

„Дали ќе го видиме Ѓоковиќ на врвот? Мислам дека тоа нема да се случи повеќе. Новак помина 428 недели на врвот, тоа е период од повеќе од осум години, навистина неверојатно“, кажа Делаква.